Да не изумуваме дека некогаш, точно низ овие предели во кои раснеле и исчезнувале потомства и потомства, Орфеј минувал тука и им пеел и на среќните и на несреќните.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Што ако не јазикот и кој ако не поезијата, барем до некаде, не ги обезличи страдањата.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ќе свенат ластарите. Ќе се исушат тие раце што ме негувале, што ме раснеле и на овој рид голотијава и ветерот ќе ме дојадат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Тие сега ќе добијат крилја и нивната агресија ќе расне и нивниот подбив ќе се шири.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така, со години, победата родена во одмазда станува дамка на совеста а поразот можел да се крсти подземен заборав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не, не можев да сум поинаков од другите, со нив раснев и од нив учев, и не верував дека е прв ден на пролетта: минува времето низ мене, ме џвака однатре, ќе се споулавам, мислев и ги бришев солзите на пониженоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие од тоа раснат и кога ќе пораснат, нема да плачат веќе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мелодијата расне и со својата трепетливост се издига над објаснението.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)