Нѐ распраша за сѐ подробно и нервозно.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Единствено да се распрашам за здравјето на вашето превосходство; од недостиг на навика овде секој од првпат се чувствува како стеснето...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Што барате и што ви треба?“, праша тајниот советник.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Прво да се распрашаме за него во селово и да разговараме за сѐ со комесарот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата. Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во книжарницата на плоштад се распрашав за една од книгите мои необјавени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)