Ајде, башлама сутане бирда јапмајнз муабет за ова!“
Сигурен дека ибн Пајко нема избор, освен, чувај боже, зашто нема челад што да го жали па да си го одземе животот, обесен на некоја куќна греда, Мехмед-паша, во присуство на навиот кадија Махмут-бег, ги викна своите двајца хазнадари, Дилавер-ага и аџи-Ризван, и им нареди да приберат и стокмат ситнеж, зашто приквечер, по икиндијата, со ибн Пајко ќе се појде во џамијата овој таму да се турчи, а тој, како валија, сака притоа да се расфрлаат пари по калдрмата каде што ќе поминува неговата поворка, за да види рајата какво славје е тоа!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Околу скелетот имаше расфрлано пари и едно светлозелено парче стакло, со некакви преплетени букви кои правеа облик на крст.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)