Високо во воздухот се распрснуваа тробојни ракети, се раѓаа со татнење и умираа треперливо и шушкаво во изгаснат лак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Зарем човек не се раѓа со крик и сиот живот минува во стишување на крикот, до конечна, можеби трансцендентна тишина?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Почесто ја дочекуваа зората будни и гледаа како денот на исток понекогаш се раѓа со огнови, а понекогаш пеплав или поцрнет како гламна.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)