Исто така, тие го известуваат Џеб дека во случај Стефанов да ја реализира посетата на Лондон, Британската влада се става во позиција да ги наруши своите односи со Грчката и Југословенската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради тоа тие зазеле став да се извести Бејли да не го праќа определениот агент за Софија којшто требало да воспостави контакт и дека не треба да се преземе никаква акција пред пристигањето на мајорот Тејлор во Инстанбул или доколку Бејли во меѓувреме не добие други инструкции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)