рече (гл.) - татко (имн.)

- Еве ти донесовме една невеста. - рече татко му,- малку моментот не е баш пријатен ама... тоа е..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Козата остана на страната на сиромасите, зависните, запоставените, спротивставените... – Така значи дошло на Балканот до изреката „Да му цркне козата на комшијата!” – извика задоволно Чанга. – Но, имало и полошо! – рече татко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа никогаш не кажа што навистина сака.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не сакам свадби, реков. - Не сакам ни јас, рече татко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас знаев дека таа девојка лесно се заљубуваше, ама во тој момент не можев да сфатам дека до таму дошла работата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не, не, никој не умре - рече татко ни и почна да се смее!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„А, клучарчиња...“ рече татко му.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Син ти расте“, рече тато, “и не очекувај сѐ да ти кажува“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како за тоа да ѝ раскажувам на мама?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Збор по збор од уста да ти влечам. Каде се оние златни времиња, кога трчаше од училиште дома и сѐ ми раскажуваше“, разочарано воздивна мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во овие жолти списи!... - рече Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Во мојот стан избувнал пожар! - им рече татко му на службениците во одборот и истрча надвор...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа веднаш не се согласи. Тие продолжија и на крај, (како што би рекол татко ми), имав мака како да дојдам до збор. 24 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислам дека сите ние подеднакво го имаме чувството на несоодветство на времето што си минува и нашето време – рече татко ти – Ни се чини дека вчера замина, како да е само еден ден отсутен, а сѐ околу нас го тврди сосема спротивното – дека долго го нема.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- И јас се запишав на школо, - рече татко ми и се насмевна. И јас сум ученик.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Добро Тинче, јас не се лутам, - ми рече татко ми, само требаше претходно да ми кажеш за својата намера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели, секако, не разбираше ништо од сето ова, а јас погледнав неколку пати кон гробот каде што, како што рече татко ми, се наоѓаше нашата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да ми кажеше и порано таму ќе ја закачевме, - рече татко ми скоро избегнувајќи го погледот и ми се стори како нешто да го дави во грлото.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Христина, ти како да си многу уморна вечерва, - ми рече татко ми со благ глас откако вечеравме, - легни си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Вие се знаете од училиште, така?“ рече татко ѝ, на кого во тој миг му стана по малку непријатно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ајде за арно и за убаво нека е!“ помирливо рече татко му и извади домашна ракија за сватовите кога се даваше зборот, а следното утро, сè уште по малку весел, отиде да ја подигне заштедата, за свадбата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога завршив со перцепцијата, си реков, „Најважно е, што би рекол татко ми, децата да си играат дома, во дворот, оти за таму, надвор, се уште не се“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„А, децата? Тие многу ги сакаат!“ - рече татко му на Петре.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кога чу царицата тој збор, вечерта беше го опила царот со билки чемерики и беше го клала во една кочија, та беше си го однесла дома кај татка је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да ни дојди полесно одењето на угорново, ај да се поносуаме едни други: ти ќе ме поносиш мане, јас тебе и веднаш ќе го поминиме угорново.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На молбата од старио син му беше го кренал да го носит погоре во планината, арно ама го носел и тие зборои што му 'и рекол татко му сите 'и преживал во умот и си велел во мислата вака: „Проклет да би бил тој чоек што го сторил овој лош адет да си 'и носиме татковците во планинава и да ѝ остааме овде да умираат од глад, без да мисли оти што ќе стори, тоа ќе најди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знам оти тебе ти е као лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна - вака ми рече татко коа ми 'а прикажа сопрво.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора чоекот ништо не му рекол, чунки чинел оти се смеит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- му рекол татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко ми секоје утро станвеше и и пребровјаше пчелите една по една.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Мори ќерко - је рекол татко је - за чудење ќе бидит овој чоек на збороите што 'и велит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа стори малку џефа момчето, му кажало на царот оти татко му му кажал за тоа нешто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
До куќата од бабата седел еден богат чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море чедо - му рекол - што си нешто невесел овие два вечера?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Па некој ти 'и кажуал овие работи - му рекол татко му - во градот што ни 'и гаткаш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Кој знај, бре синко, според нишаниве што ни 'и кажуаш, вистина као да си бил штрк - му рекол татко му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, кога дошол во Багдад, тамо ја нашол впрегната во плуг заедно со еден вол к'де орала нива!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ДЕВЕТТЕ БРАЌА И ЕДНА СЕСТРА ШТО СЕ СТОРИЛА ГУЛАБ И ПОСЛЕ ПАК ЧУПА Си биле деветмина браќа и една сестра, сите девет браќа биле женети и сите раќа мноогу ја милуале сестрата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, лели и ова не ми го веруаш, бре татко, ами коа беше ти на орање во големата нива, лели ти 'и тераше Велко волојте и јас си зобав црви во браздите изорани?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Вистина, татко, и вие, браќа селани - му рекол Силјан - ем за приказна ет мојава работа, што бев дури во долна земја или штркоа земја, кај што чоек досега не пошол и не ќе појдит, и да ме веруате оти не је чаре да ве лажам јас, чинки не ќе ви земам нешто да си клаам в кесе за да поверуате за здраво.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури се мелело брашното, детето му велит на ќосето: - Ми рече татко ми да ми го сомелиш брашното хубоо, да ми месиш и една погача подпаана и да ми даиш и ќерка ти.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ете како: откоа влеговме в гемија во град Солун, коа н¯ забра еден силен ветар, та коа ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и, за к'сметот мој, ме исврли на една штица морето на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И момчето му кажало како го однесол на рамо татка си, и како му рекол татко му, и како го вратил дома, и како му кажал на татка си за синџирот одгоор да му даит нему (на царот).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така Јоше правел сѐ што ќе му речел татко, само за да може да свири, да има некој да го слуша, да има и друг што ќе се радува со неговото свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но сепак Камилски, откако помисли дали ќе биде тоа еден од светските јазици, или првиот јазик што го научил, категорично одговори: Се разбира најсладок ми е мајчиниот јазик? Не! рече Татко со блага насмевка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар може да има друг јазик, освен мајчиниот? Има, тоа е јазикот во твојата уста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А што е тоа шиканирање? Праша. Нешто како школување, рече татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа е божји предзнак, рече татко му. Ти, синко, ќе станеш поп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можев да те излажам, да ти речам татко ти е тој и тој; беше, но сега го нема, не постои заради тоа и тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но Калија веќе не беше таму. Ја зела чезата, рече татко му Пајко без глас, и штом слушнала дека е тој в џамија, тргнала уште со ден кон манастирот „Свети Никола“ во Кожле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Нема ништо лошо во тоа - му рече татко му и го прегрна за да го успокои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ах, рекоа татко му и мајка му, на овој умот ќе му биде по скитање...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
– Кој гроф, каков Чано, мила моја, зар не си го заборавила? – рече Татко гледајќи дали се затворени прозорците и вратата. – Грофот со кој танцував на свечената вечера пред заминувањето од Италија, во 1939 година. – Остави ги, мила, тие муабети за друг пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така рече татко ти пред да почине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Смилјанка се вика... - рекоа татко ѝ и мајка ѝ.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Езерото е како никогаш мирно. Се вести бурата што ја предвидува Кољо! - рече Татко, затворајќи ги ширум отворените прозорци од Мајка за да се проветреат книгите, како што велеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Не ќе има поголем грев од тоа! - рече Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Па некој ти ги кажувал овие работи, му рекол татко му, во градот што ни ги гаткаш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- „Ами како се удави сиромашкиот дуовник в море, бре чедо?“ му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Кој знае, бре синко, според нишаниве што ни ги кажуваш, вистина како да си бил штрк“, му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас не се измачувам со такви размисли, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она: дека ништо не е грешно додека го говориме тоа што го мислиме, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нему севезден некој нешто му јавува, рече татко ми, потоа стана и замина кон летната кујна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Единствената желба што раководеше со мене таму, на Крим, беше, да ја изнесам главата не зафатена од тој оган, рече татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Убаво е што те гледам повторно здрав“, рече татко му.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„И силен“, рече таткото. „Си зацврснал во ноќта. Нели Чарлс!“ „Навистина?“ рече момчето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ах таа мајка ти, - рече таткото, - колку те разгалува!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ете така, излези машки, - рече татко му и го прегрна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Илчо, да одиме до кај баба ти, да се стоплиш малку! - рече татко му.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Штом Мирко се крие, сигурно оценките не му се најдобри, - рече татко им додека ручаа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А една лира имаа. - Кај да бараме уште две? – рече таткото очаен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Си се изменил, Зоране, - рече тато.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Јас пак, - рече таткото, - јас бев на пазар, купив сѐ што требаше, донесов леб и го исеков на резенки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- И ти заслужуваш јадење – рече таткото, па и нејзе ѝ стави полна чинија манџа и едно исто така убаво парче месо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Капакот? – рече таткото, - капакот? Хм... Тогаш, Зоки, еве ти го капакот за ручек!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Како за кого“, рече татко ти. „За мене оваа приредба не е никаква изненада.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само куп слики, од изминатите денови, во кои се гледам себеси седнат онаму, под скалите, во оној шинел што ти толку пати го омаловажи и исмеа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам што е смешно во моите одговори“, рече татко ти и тогаш дури за првпат ја крена високо главата а судијата, оној, господин Предановиќ, со големи бакембарди и црна измазнета коса, за која сите говореа дека ја светнува чистачот на чевли на Корзото, само се накашла и ништо не рече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ што ќе ѝ речеа татко ѝ и мајка ѝ, таа го примаше со лутина, со нервоза.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Улиштето го барам, - рече татко ми. - Какво улиште? - Она што е на сливана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- рече татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Сè што збеснува тоа го заслужува! - рече татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„И ние сме среќни, татко“, рече тато Петре, „ова е нашиот заеднички дом...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Не вреди да филозофира, екологист треба да стане“, рече тато Петре.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Немаат родители, - рече татко ми кусо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не верувам дека има човек кој, кога бил на твоја возраст, барем еднаш во животот не учествувал во некаква тепачка, - ми рече тато.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Одлично што дојде, - му рече татко ми, - барем ќе има со кого да пијам кафе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мошне интересна книга е тоа, - рече татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ќе бараш од соседите кога сè живо дома искриши, - ѝ рече татко ми на мама в кујна, а таа само бесно го погледна, нервозно сечкајќи салама.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Постојано мислев на дедо ми, кој, како што рече татко ми, „се враќа во своето детство“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Дојди пак, - му рече татко ми, - на Ведан му се допаѓаат силни и храбри момчиња, и ти ми изгледаш токму таков, - го потчукна по рамената.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не без револт рече татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Смејте се, - рече татко ми, - ама бато почнува со бизнис - и се чукна гордо по градите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога татко ми го чул да зборува чисто по наше, му рекол: „Македонец како тебе, што можам друго да бидам“, му рекол татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Беља ќе им прави таму, бре татко, - рече татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И така, и тоа чудо го видов- рече татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Затоа де- рече татко ми- ти велам, утре да видам сè што имам за виѓавање, ништо да не заборавам па ако е среќа...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Голем е Господ“, ќе речеше татко ми, ќе го извадеше ќесето од џебот во џамаданот, ќе му го подадеше на дедо и ќе му речеше: „Еве, татко, толку можев, толку донесов!“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Арно велиш- рече татко ми- ама јас утре ќе ги стегнам опутите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ова не се кажува на добро, рекол татко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас многу уживам да се плашам и бев сигурна дека и Дена ќе ја голтне со задоволство секоја страшна шумска приказна, но во ист глас ми се вдадоа и мајка ми и тетка ми Ана, како стерео, што би рекол татко ми: - Разбра?! Немој да ти повторуваме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали и мене ќе ми “отфикарат” некое казниште како што ѝ се случува на Мила, или ќе минам само со вербални воспитни мерки, како што има обичај да рече татко ми?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ПИСМО ОД ИНДИЈА - Види го, порасна и ова наше девојче – има обичај да и рече татко ми на мајка ми и да ме погледне со многу љубов и со многу нежност. – На тато, тоа миличкото, колку мало ми беше, сега е права девојка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Слушнав, де, не сум глув!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Слушна што рече татко ти? – се замеша тетка Софче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Време е за спиење, тукушто заврши „Сто и една приказна”, уште малку ќе биде дваесет часот – рече татко ѝ и се намурти строго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислиш ти се плашам ако ги собереш така веѓите – си помислив – а и каква ти е таа глупост да се легнува толку рано?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Би останал? – праша мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој бе, тато, така, не сакам кога тоа ми го зборуваш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е па, тогаш ако ти било толку убаво со тие богаташи, што не остана таму? – рече татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оди легни си – ми шепна мајка ми – а јас веднаш ќе дојдам да те заспијам. Ѝ бев благодарна за нејзината нежност, а најмногу од сè што ми рече дека ќе дојде “да ме заспие”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)