- Знам мило, знам, - рече божем навредено тетка ми – но што можам кога сум била најмала и доцна сум се вклучила во нивниот живот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Стариот го припушти на неколку чекори, правејќи се како воопшто да не го сетил, ами како да го гледа сега крувчето, и рече божем за себе, но доволно гласно да го чуе Пискулиев:
- Бре што беше оваа рака! Како да го закла дрвцето, сироткото!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тие двете дури сега, откако сме возрасни „ ме играат„, порано бев невидлива за нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Фатија пролетни дождови и компирите поникнуваа бојни како бозе, ќе речеш божем преку ноќ се накренале од земи како космати борачи и сега тука се борат во бавчата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)