рече (гл.) - помирливо (прил.)

- Разбирам – рече помирливо мајка ми – да знаеш само колку добро те разбирам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ведане, - ми рече помирливо - можеби претерав, ама признај дека ми ги истенчивте нервите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, што можам кога едноставно некои нешта се недостижни тогаш кога најмногу ги посакуваме и ни личат на сон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Тоа беше случајно“, му рече помирливо, нерасположен за расправање. „Не сакав тоа да го сторам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Знам јас, - рече помирливо, - дека Бреза е здодевна и дека често таа ја започнува кавгата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)