Сонце, те сакам, ти реков додека во тебе гледав, а во далечина огномет ги палеше последните светла.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Мислам дека слушнав кога рече додека влегуваше во собата, (или само ми се причини дека слушнав), "другарот Ѓурчин", рече Даскалов, "веројатно не ќе ја искористел онаа темна ноќ и осаменоста на жената-девојка за да го стори она што се случило.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Можев и самата да се одвлечкам до тоа место, но кому ќе му покажев каде да копа ако не те поведев?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Можев и самата - рече додека ме откриваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сѐ ми се причинува дека гледам покрај него. Но и во тоа не сум сигурен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А и Даскалов тврди дека е еден помеѓу првите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во тој период во него имаше и премногу верност а и доследност во придржувањата кон правилата на нашето однесување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете тоа сакам да му го речам додека ги кревам полните садови со вода. Но молчам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човекот што доаѓаше не ќе работеше в болница ако не беше доктор - реков додека се облекував. –Неговите намери беа најдобри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Грешиш“, му рече додека се обидуваше да го погледне в очи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го прашав како се вика, колку да го прашам нешто. Гордо ја подигна главата. „Исус“, рече додека се разделувавме.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А некој што седеше од едната страна од него рече додека тој минуваше: „ Ќе се сретнеме на место на кое нема темнина“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Ти си презаситен од слобода?!“ ме праша или можеби ми кажа нешто, не знаев во тој миг што сакаше да ми каже, ниту знаев што јас да и речам додека го чувствував нејзиниот показалец како ми минува по средината на челото, бавно спуштајќи се по работ на носот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Сега ние сме две празни страници кои секој ќе ги испишува како што сака,“ рече. Молчев.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Како што јас не се познавам себеси,“ рече додека го влечеше чаршафот во тутка, стегајќи го на градите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Баба ѝ не беше тука, и ми рече додека се врати баба ѝ за да ручаме заедно, можам да се раскомотам, да се избањам во бањата, да се отпуштам на каучот. Се избањав, се испружив на каучот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Прашањата ми се сосема конкретни – најпосле Грофот ги крена очите од ноктите и ме погледна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не сум сигурен што дивеч бркате - реков додека се поткревав на лактовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да беше на трага на моиве размисли Грофот не пропушти да ми рече дека во нашите затвори насилствата се избегнуваат. – Верувам дека е така – реков додека го наслушнував во мислите гласот на Катерина, а креатурите по ѕидовите покрај кои предмалку поминував, и самите зачудени од гласот или од некоја друга чудесија што мене не ми паѓаше в очи ми мавтаа со рацете, ме предупредуваа или ме насрчуваа, не бев сигурен, и наеднаш до мене втаса и гласот на Грофот но исполнет со зборови што не ги разбирав. – Мислам дека не сум сигурен што рековте – замолив да ми објасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не бркам никаква цел - се насмевна Пачев и седна на столот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Си фрлате жарчиња?“, ѝ реков додека се трудев да ги следам со моите тешки нозе нејзините пердувести движења низ брановите на музиката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Би биле изненадени колку многу луѓе се заразени без и да го знаат тоа.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не можев да кажам дали се шегува или не.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Проценувачки ме набљудуваше за момент, мрморејќи „да, да“ себе си во брада и тогаш, со помош на медицинските сестри, госпоѓицата Арцибалд и госпоѓицата Сливовиц, ме проведе низ серија тестови кои би збуниле и космонаут.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Прво ме премери вклучувајќи ги прстите, горната вилица, черепот, пенисот и усната школка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Тестираме антитела за околу педесетина болести“, рече додека очите му поигруваа зад стаклата на очилата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Тато, - му реков додека сркавме грав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ни Србин збор не рече додека не се доближи до него и додека не се наведна со устата до увото и со погледот по окопот надолу.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)