роди (гл.) - за (предл.)

Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Напати, помислувам, дека сум роден за каузалитет и детерминизам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не беше Ленка родена за тиа пусти тутуни!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Роден за борба, роден за правда, полиглот, творец на три јазика, бугарски и грчки, учител стана.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)