сака (гл.) - господ (имн.)

— Ако сака господ, ќе му се наиграат утре Макревите моми и млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо и таа, ако сака господ вечер ќе му а излекуаме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова е вдовец и вдовица! Ако сака господ да им даде челад и да дочекаат — тогаш ќе прават свадба десетпати поголема од двете негови што беа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака господ, годинава едно, до година две, три, пет, ќе се намножат и женски деца и еве ти во Витолишча и даскалица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таксај му оти во Дуње ќе платиш кога ќе се вратите, та белки нема секој ден да те бијат, Позаварди го грбот и коските, оти ќе ни требат за понатака, ако сака господ — заврши Толе и стана, го остави Андона да се мисли што ќе бидат овие негови зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Копај“, му велам јас, „сакал господ јас и ти да се поврземе меѓу себе со копање“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Адет, па адет! (На Поцко.) Слушај ти... како те викаат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти било речено, така сакал господ.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Готова работа, аирлија кумство! Еве кумовите се враќаат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На чорбаџи Теодос му било пишано, така сакал господ — цигански. (Гледа десно.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти си мислам, како што оваа година родија многу грозје лозјана, да сака господ да ни го донесе Анѓелета...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ВАСИЛКА: И јас така мислам, ако сака господ, ама и вие ако сакате.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Ако сака господ ќе биде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Ами сега, ако сака господ и ние ќе сакаме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Несама жена сум, сакал господ, со проштение.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)