Но чувам во себе малку кралска моќ па кога можам, и кога сакам низ скали од соништа детски во кралството свое си се враќам.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тој сакаше низ татковото читање да ја дополни историјата на Калето од својот агол и во сеќавањето најмногу го бараше „патот што води низ пештерата кон водената кула”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Лазор погледнува спрема пругоре спрема гредите, како да сака низ ќерамидите да види што се случува таму надвор, или како да сака да го види господа сокриен зад ќерамидите и на небесата и да го праша кои му се намерите за ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пуштаме да правите што сакате низ царството, сега се буните што имате меѓусебна конкуренција.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)