сака (гл.) - барем (чест.)

Па сепак сакаше барем да го види па и, ако приликата е згодна, да го запознае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Та тоа беше Дуко, оној неговиот Дуко. Сакаше барем да живее, ако не можеше да доаѓа ваму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше барем да остане и тој понекогаш да може да му појде да поседат и да помолчат заедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни онаа подигната рака, ни онаа тупаница, што се трие по челото, сакајќи барем на некој начин да ја оттурне физички таа слика од себе, тоа сеќавање, таа мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако ништо друго, би сакал барем да го провтасам и да му го поносам ковчегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро, ако мора да биде така, но сакам барем да верувам дека сум на најдолното дно, онака, чисто заради суета.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа сака барем малку да се почувствува во домашен амбиент.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој сакаше барем за миг да го почувствува допирот на нејзините прсти, топлината на нејзината воздишка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знам, тој се преправаше божем ми верува дека сум нажален заради заминувањето на баба, иако добро знаеше дека многу сакам барем малку да сум си сам, да се грижам за себе како и моите другари.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога веќе козите мораа да умрат, Чанга сакаше барем, следејќи го нивниот инстинкт да им избере достојна смрт, во темнина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Итрецот сакал барем по нешто да ја издвои собата на Сузи од изгледот на собите на другите девојки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ти многупати пред мене има зборувано дека Иван Степанович им дозволувал на многу љубопитници од кафеаната да ја разгледуваат таа слика и да уживаат во неземната убавина на девојката но и во големите можности и талентот на Јенков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Да сакаше барем и некои други сликари.“ Други? Да, постоеја и други.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој сакаше барем некој од луѓето да забележи дека е гол, да се појави некое глупо момче, но глупи момчиња веќе одамна немаше, сите беа паметни и готови во краен случај да говорат за квалитетот на кралската облека, но никако за нејзиното отсуство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)