Ако сакаат ќе му ода, ќе му крста, ќе му венчам.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Децата, синови и ќерки на винари, на рудари и часовничари, на готвачи и градинари, на судии и железничари, на милиционери и лекари, на купувачи и продавачи, на дописници и весникари, на возачи и џокеи- јавачи, децата што сакаат ќе сторат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Тешко ни е кога некој што го сакаме ќе направи поинаков избор од нашиот, кога постои дисиденција во мислењата, дисјункција на желбите, кога ќе одлучи да живее поинаку отколку што ние живееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А ако некогаш не сакајќи ќе ѝ излеташе од устата лош збор, ќе си речеше: „Господе, не слушај ме...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Да ми ја забранеа оваа варијанта и да ми наредеа да појдам со нив, можеби ќе им бев многу лута, но барем ќе ми се скратеа маките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе уживам без нив, си велев, раат ќе бидам, што сакам ќе си правам...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
2. По поделбата на Македонија, ајле и многу порано, сите пропаганди почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот, а народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише — и Грк, и Србин, и Бугарин ќе стане, да има друго и друго ќе стане,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако сакате ќе ви го приложам тоа и со графички нацрт.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
На пример, во 1994 година, Мекдијармид создаде компјутерски генериран ласерски печат на штица, кој сега се наоѓа во збирката на Националната галерија на Викторија во Мелбурн и кој слично упатува на Лезли Гор: на заднина со виножитни бои има текст во обратни виножитни бои кој гласи: „Мој е журот и ако сакам ќе умрам, срцка“169 (Спореди го насловот на филмот на Рандал Кејсер од 1996 за самоубиство поради сида „Мој е журот“.) Мекдијармид создаде и реплика на порнографско списание за ХИВ-позитивни геј-мажи, соодветник на Плејбој [Бонвиван], наречен Плејгбој [Бончумосан], наводно со написи насловени како Полумртов и изгор и Сексот и Т-клетката самец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И не нѐ интересира многу-многу да бидеме икони на благородна трагедија ниту храбри и вистински јунаци озарени зад цревата за кислород.167
Други примери на вакво одбивање од геј-мажите да ја третираат ХИВ/сидата како „благородна трагедија“ има од драмата на Роберт Патрик Пешопозитивен (Pouf Positive, 1987), со реплики како „Мој е журот и ако сакам ќе умрам“ (со која се преприсвојуваaт насловот и рефренот од класичната поп-песна од 1963 од Лесли Гор, Мој е журот и ако сакам ќе плачам / It’s my party and I’ll сry if I want to), до СИДА!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И секој што ќе помине и без да сака ќе се запраша: кој ли лежи под ридот од камења?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Прегратката е пријатен настан па и тогаш кога ќе ти ја понуди случајноста, мил мој, бесрамно тврдеше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Мори, што така, ќерко, змиулчиња ми вадиш од устата? што не ми вадиш алт'ни како кучкана присестра ти, туку ми вадиш змиулчиња?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Зер и друзите сет толку арни, да туку што ќе чиниме, сме му паднале в рака тиќи тоа, бре стриковци - му рекло девојчето, - како сакаат ќе ни праат.“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Натегањето земи-не сакам ќе траеше уште долго, да не го прекинеше повторното ѕвонење на телефонот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сигурно ќе ме разбере. И да не сака ќе ме разбере.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Донеси ми вода. - Добро, Јоне, ќе ти донесам, велам, колку сакаш ќе ти донесам вода, само не пијај отрови, не пусти си ја душата, не пусти ми ја и мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)