На усните ѝ се чита нечујното прашање „дојде ли”, на кое Давид Давидовиќ одговара со насмевнато воздржано повеќекратно кимање.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)