Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
— Зар овдека дојде да се породува, ми се сврте еден од пред мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога беа сигурни дека се скриени од погледите на деда Гера и неговите комити, тие како по договор, застанаа и налутено се свртија еден кон друг.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Винстон сврте едно копче и гласот малку се намали, иако зборовите сѐ уште се разбираа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)