Паметам, татко ми нè учеше пред излегување да фрламе поглед во огледало, ете чорапот да не ти е свртен или скинат, да не имаш гнездо во косата или некој конец обесен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Откако го остави горниот дел од пижамата на креветот и почна да го облекува долниот дел, тој се сврти или случајно забележа, изненадено, дека грифонот, кошулата што при фрлањето паднала на душемето ја држи в уста и го чека тој да ја земе и да си ја стави на место.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)