Под тремчето седеа тројцата луѓе како што ги остави дедот Волче, но кога видоа дека преку двор идат три четворица тие станаа од столчињата и едниот тргна преку двор кон овие што идеа, а двајцата го фатија ќошот од Волчевата куќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој им мрдна со главата и тивко им рече: - Почекајте уште малку!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Крај патот, под една разгранета врба, седеа тројца селани, разговараа и пушеа тутун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во ќошот, близу до вратата, седеа тројца коњички наредници, тропаа со сабјите по масата и се расправаа нешто.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)