седи (гл.) - заедно (прил.)

Се зближиле, значи, како што две млади жени можат да се зближат кога се тажни и осамени; едната, во очекување на парите од сладострастникот кој секој момент можел да наиде, втората, зафатена со белите чаршафи што мирисаат на сапун и веднаш се здрвуваат од штиракот штом ќе помине по нив врелината на пеглата ; почнале да си веруваат една на друга, да седат заедно кога се слободни, да се смеат, да плачат, - како сестри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И кога Миќо, со кого седев заедно во првата клупа, ќе почнеше да прави непристојни движења зад неа штом таа ќе помине меѓу клупите јас не ги обелував забите како другите ученици, ами страшно одвратна ми се чинеше таа постапка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сокол Мечевски замина, со надеж дека набргу, на чардакот, ќе седи заедно со својот пријател и ќе ја продолжат запрената потрага по сиџилите....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Седат заедно во мала, зачадена крчма, а тој, убиениот хирург, им наздравува на сите ножови на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Значи, така. Тоа беше неговиот најдобар другар, со кој седеа заедно во иста клупа низ сите класови на гимназијата, си одеа дома еден со друг и пишуваа заедно домашни задачи, со кој си ги делеа подеднакво и книгите, и симпатиите и идеалите, како да беа побратими со измешана крв од жилите на зглобовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас и Бреза тогаш обично вечераме, а татко ми и мајка ми седат заедно со нас, или се тука некаде, во наша близина, и нешто си разговараме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Тука нешто пишува. Некој со ноже си го врежал името! - рече Горан Стојчевски, кој седи заедно со Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)