2.
Астрална страст
Подзастани: ни сѐ е дадено
ни сѐ видено на небото
подготви се за изненади:
бројот на планетите не е траен
веќе не Уран, Плутон, Нептун
но некој друг ќе искрсне на повидок,
ќе ги подразмести празнините
ќе го осмисли растојанието
со име, точка
рој, магла, материја
во сенката на подвижните
седат мадро неподвижните
ѓаволски бесни Канис, Антарес
Алгол, Лилит, Змејот
........................................
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Петре учителот едно време внимателно го гледаше Јолета наш право в очи а потоа му рече: - Прво ќе те тепам тебе ако не седиш мадро и ако зборуваш кога не те прашувам. Разбра?
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да се седиш мадро, неќу јас заради тебе да ми се смеат чупињата!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе си седи мадро, како поп, шо велат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стрико Доне се жалеше, ама му рекоа да си седи мадро.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И ги испратија: двајца во Полчишта, двајца во Бешишта, а Асан Јајата и Џемаила во Градешница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)