седи (гл.) - тука (прил.)

Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој зашари со очите да покаже на тие што седеа тука.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Влезе командирот, испеглан, чизмосан и опашан со неколку ремени и ни вели: - Знаете ли вие, дека таму во Егејот нашиот народ крв проплука од тие клети Грци и крв лее, а вие седите тука, особено ти, ми вели мене, седиш, читаш „Нова Македонија“ и „Титов пионер“ и сеир си правиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заврши концертот, луѓето се разотидоа, а јас сеуште седев тука на клупата во црквата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сиротата таа се правеше добра и пречиста, додека од лицето ѝ зрачеше измачување на совеста која ја чепкаше додека седев тука покрај неа со невиниот поглед кој ми беше насочен кон неа и нејзината нечиста природа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Напротив, седеа тука цела вечер, но зошто при тоа не успеавме да изнајдеме решение за случувањата?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Што да ве учам, што да ве карам, - рече Чакарвелика, - Сте ме нагазиле, седете тука, спијте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пристигнува од некаде, некој ја праќа, за некого од овие луѓе што седат тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Претседателот седи тука пред мене со гол газ.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веќе си отишле старците некогаш што седеа тука...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Трпезата на ѕидот во црквата беше поставена со леб, со риби, бокалче вино. И седеше тука осамена светица – млада и очајна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Седеше тука сам, главно очекувачки загледан во уличката во која се наоѓаше портата од куќата на Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека седеше тука, авторот здогледа отаде мостот тројца старци седнати на една дрвена греда поставена врз еден снизок камен подѕидок под еден огромен орев.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бато, повторував, дали ти знаеш дека јас тебе многу те сакам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да може сега да влезе во собата, па и нека се лути што без прашање седам тука, сеедно, и нека ми се дере, и нека ми се заканува, сѐ ќе издржам само да е овде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
РАЈНА: Одам по нив. КИРО: Седи тука!!!! Седи!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сега, седејќи тука, се прашувам – дали од властите ќе ми биде дозволено и од Бога дадено да ја обновам татковата куќа?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Седиме тука, се тутулиме. Се собираме ко црвец во дрво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)