Му беше излишно да бара потврден одговор од старата која веќе беше зафатена околу шпоретот: сметаше, од друга страна, дека сега не е уште момент да седне спроти стариот за да го рапрашува како е, каде бил и зошто го држеле, ако тој воопшто смееше нешто од тоа да каже; а најпосле, веќе го чекаа новите другари на филмското ѓезме.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Влезе уште еден, со гола до кожа избричена глава, со биковски испупчени очи. Седна спроти него и отвори некаков блок.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кадровикот го изгледа Баге од веѓите до петиците, препознавајќи во него неуспешна лика на својата прилика, го покани да седне спроти себе преку бирото и веднаш почна со прашањата: - Што имаш од школо? - Гимназија, - како од топ исфрли Баге.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Чапаев седна спроти Татко. Пред него стави лист хартија, испишан на машина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се поздрави со ќерка си, ја повика и таа да седне спроти него.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)