Не се слагам со вас! Но, кога веќе ги спомнавте вкусовите, да не заборавам да ви кажам дека, најпосле, пред некој ден го слушав фамозниот Канцер-Канон од вашиот омилен уметник, Ј. С. Бах, и морам да признам дека ептен ми се допадна умешноста, дури и генијалноста, со која ги преплетува лицето и опачината на еден ист мотив.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)