Тој не се насмеал; рекол дека ни мајка ни кобила не родила калуѓер или оџа што ќе му суди и пред сите ја завлекол раката в гаќи да се драпа кај што не го јаде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И јас, од мојот агол на амбицијата, како да следев некаков внатрешен ритам на величина, на лажна моќ, во која е вклучен ризикот, без доволно да се помисли на него.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие барем следат некаква своја мисла, па колку да е загубена, па колку да е животинска најпосле, - и во тоа покажуваат дури сила.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)