Како технолошки вишок стекнува право да биде регистри- ран како невработено лице во АВРМ7 и во наредните девет месе- ци (од јануари до октомври 2007) да прима паричен надоместок во случај на привремена невработеност од страна на државата, којшто му следува согласно ЗВОСН (1997).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред Нова година, Митревски го потпишува решението за технолошки вишок, а веќе следниот месец, во јануари 2007, му е исплатена и испратнина – во висина од околу 57.000 МКД (935 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)