7. Балконот на хотелската соба и едната гранка од чинарот беа на рамна нога, така што сосема добро се виде, а потоа и се слушна како во круната на дрвото слета птица од шумата, се распрета со крилјата меѓу лисјата и го отвори клунот да запее.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мирно е сега сѐ додека лежиме обата два исечени трупа две болки два суви извора врз кои не слетуваат птици врз кои не пукаат песни.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ѕвезден корен На д-р Никола Силјановски Не можеше да издржи гледајќи каква тага го измачува каменот кога не слетува птица на него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)