Од некаде, од зад покривите на соседните куќи долета една стара врана и слета во дворот, на едно гранче од крушата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Јужниот ветер ја рашири неговата миризба, пчелата ранобудница неколкупати слета во неговите цветчиња.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Килимот нежно слета во дворот на една од куќичките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден ден сигурно ќе ми слета в кафез!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јужниот ветер ја рашири неговата миризба, пчелата ранобудница неколкупати слета во неговите цветчиња.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Сега Тате слета во Спрингфилд, сега е на пистата, сега ги потпишува документите, сега е во хеликоптерот, сега е над реката, сега е над ридот, еве, го симнува хеликоптерот на малиот аеродром, тука во Грин Вилиџ ...“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Слетаа во мугрите, со росата. Бракот потраја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)