Поправо, тоа не беше само еден тевтер, туку повеќе, многу тевтери, слични едни на друг зафатени еден за друг и подврзани со кожа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сакаше и други работи да му кажува на дедо Костадин за себе и за Димостена, а и за тоа дека не знае што да прави откако ќе го положат во црната земја, да ѝ јавува ли на баба Петра дека овој пат нема да дојде при неа тој како што правел секогаш кога скитнувал по светот или таа веќе знае што се има случено тука?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Имено, во Потковицата отсекогаш се знаеше дека стопаните на Имотот, Акиноските, водат тевтер и дека во него, покрај својата историја, Акиноската, запишуваат и сè друго што се случуваше тука, во Потковицата, и во двата најблиски града, во Прилеп и Битола - ако беше во врска со Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)