Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Жена му на Танаил, слушајќи ги тапаните и свирките, пеењето и викањето во дворот на Китан, велеше со јад во душата и со подбив: - Ха!
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Слушајќи ги овие зборови, тој апсолутно се согласи со нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со часови седеше во детската соба слушајќи ги своите деца како на глас спремаат испити и беше горда што толку брзо читаа, дека на факултет.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Заоде кон излезот од панаѓурот, не слушајќи ги довикувањата по себе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Овие убавини, овие свежини... Гледајте ги светулките, слушајте ги штурците, вдишувајте ја гората...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сега само слушајте ги, а после ќе можете да прикажувате за ова.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дишете длабоко и слушајте ги, а при тоа размислувајте на нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Слушајќи ги ваквите размислувања на тетка Боса не можев да се ослободам од впечатокот дека таа се трудеше да нѐ увери дека постапките на смртта повеќе се потпираат на стрпливоста при изведувањето на тие постапки а помалку на случајноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Гледајќи го нивниот лет, слушајќи ги нивните песни, ние се чувствуваме убаво.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Слушајќи ги овие зборови, во мислите на Цветана Горски му придојде омилената изрека на Игора Лозински, дека човекот ќе загосподари со природата, дека ќе ја дополни, само ако умее и да ѝ се потчини...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За да не мора да слушаат ги тераа децата од своите соби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Децата, нормално, немаа ништо против, бидејќи така можеа уште понепречено да уживаат во својата музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)