Јас пак, не знаев што да кажам. Ги слушав сите, и сфатив дека не припаѓам тука, но некаква маѓосна сила, сила на слабоста, ме врзуваше со нив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дознав конечно каде е мојата Срцка. Во напливот на емоции, токму во мигот кога беше музичката пауза, говореше толку гласно што овој говор го слушаа сите во салата. Звукот стигна и до ушите на Душка и Роска.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Слушајте сите и добро запамтете! Од денот кога стигнавте тука вие сте борци на Демократската армија на Грција.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Еве, слушајте сите, секој да чуе: кметот ви е формален идиот!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)