Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Беше уште млад кога го слушаше говорот на Стефан пред собранието, но неговиот продуховен, речиси ангелски лик сѐ уште му беше жив пред очите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше пленет од бунарот близу манастирот, длабок стотина и повеќе метри, до нивото на Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во гргорот на водата кој го заслушнуваше од дното на бунарот, тој го слушаше говорот на светците, запрени во манастирските фрески.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)