Потоа им го слушам дишењето: тешко, како дување во прсти со подноктица, предишено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас не само што ги слушав, туку го гледав и морето, му го слушав дишењето, ги слушав криците на галебите и крцкањето на штиците од галиите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еднаш, откако ми се пожали колку е осамена, се послужи и со онаа веројатно од порано стокмена додавка дека тишината во нејзината соба многу се зголемила откако престанала да ми го слуша дишењето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стариот вагон со будно срце го слушаше дишењето на двете уморни деца, бдееше над нивниот сон и блажено шепотеше: - Јас, јас ними сум им дом! Има ли поубаво од тоа!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Додека газеше низ плевелот, си го слушаше дишењето, како му свири низ носниците, и тогаш сфати дека целото негово тело е во еден вид бунт.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Детето спие до мене, му го слушам дишењето, но не вртам глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)