Набљудувачот субјективно ги чита и ги слуша зборовите, така што можеби дури и несвесно создава различни асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој не ги слушаше зборовите на Славчо. Можеби и не гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ја гледа Богдан, но и таа го гледа него од сликата поднасмевнато, благо, ѝ ги слуша зборовите што му ги велеше кога беше дете: „Ах, Богданчо, место ние да те повелуваме тебе, ни нас нè повелуваш...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Низ целиот аеродром имаше натписи и го слушавме зборот АЛОХА.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На луѓето сенки од кои се гледаат трагите во снегот, од кои се слушаат зборови, но кои не можат да бидат видени.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Перса би сакала уште долго да го слуша зборот на Пелагија, ама знае дека е уморна и дека треба добро да се одмори за да може утре да работи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Спремни и да поплачат со тебе само за да ти го поплочат денот со црнило. Глупата лековерна јас, слушам слушам зборови.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ги слушам зборовите од татка кој ми го кажуваше тоа уште како дете, пред да нѐ остави за сосема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Господ веќе не ми ги слуша зборовите, вели, и сега е како што рекол тој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)