Антице... Антице... (посилно). Антице!... Антице!... (по куса пауза се слуша кршење на вратата, потоа многубројни чекори). (Илија влегува пратен од десетина Арнаути — дебрани и мокрани).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И... дрвото погодено од шрапнел, прво се стресува, се навалува, миг стои, небаре размислува на која страна да падне, потоа полека - паѓа и сѐ побрзо паѓа и пред себе и околу себе собира сѐ што му стои на патот: бучи шумата, се слуша кршење, завивање и тресок.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)