Татко, со одобрување и со видливо подобра расположба, го слушаше својот собеседник.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Беше тоа еден лек и немарен
начин на надмошност, што и пријател му како самиот да го бараше: како од устата на друг човек да ги слуша своите сопствени внатрешни слатко-пакосни потфрлања.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Татко со големо внимание го слушаше својот пријател, кој се чини за прв пат во една голема исповед го ослободуваше тоа што беше длабоко потиснато во душата и можеше да дојде до катарза во исклучителни околности или да остане засекогаш потиснато во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само ја сослушував како невино дете кое ја слуша својата учителка додека му соли памет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Постоја крај него слушајќи му го со возбуда чукањето како да си го слуша своето срце.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не можам да ги слушам своите глуви чекори се на исто место.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Колку малку го слушаме својот внатрешен глас, колку малку умееме да ги читаме знаците што секогаш непогрешно ни ги покажуваат вистинските насоки...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Рицман, пак го слуша својот глас, раскажи како си и како си живеел.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Човекот со чадор спиеше. Не ги слушаше своите скарани гласови.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И без капа и со капа еден бас, глас груб и рапав, татнел како улав тапан.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Поседнати на полјанката в круг, бригадирците го слушаа својот командант, кој што долго и распалено им говореше.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Законот ја слуша својата секира.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
(Борис немо го слуша својот глас. Долга пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Гледајќи во правец на планината, го гледа сонцето кое заоѓа и ја слуша својата симфонија: тоа се само звуци кои се случуваат во воздухот околу него.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Додека го слушаше својот учен пријател како со чудесна точност ја изнесуваше природната сага на јагулите, Татко не престануваше да трага по нови моменти во согласието меѓу движењето на своето семејство и патот на јагулите: „Зар коските на јагулите, по херојското патување, по љубовната обновувачка екстаза не се стопуваат, исчезнуваат на едно место?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Одвреме-навреме Кора Финч го слушаше својот маж како мрмори нешто, таму горе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)