Го сонува овој ужасен сон со таква полнота што се плаши да не го сонува повторно, а кога буден размислува за него, не умее да го открие и да го протолкува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Некој продорно крикнува. Се слуша страшно чкрипење на кочници.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Во него Цви Корец ги слуша страшните шумови и ги гледа ужасните слики толку силно, толку впечатливо што зажалува дека со години, почнувајќи од јешивата во родниот град Жешов, сè до рабинската семинарија и ориенталните студии завршени на виенскиот филозофски факултет, толку жедно навлегуваше во сликите и метафорите на Книгата, на Тора, но и на останатите верски книги, на Талмуд6, Макхзор7, Мидраш8, Агада9, Мишна10, на комплицираните рабински репонси, на текстовите и приказите во чии претстави и значења завлегуваше со љубопитност и без остаток, докрај, не оставајќи празнина во сè поголемото знаење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)