слуша (гл.) - татков (прид.)

Како што мајка ми беше чувар на соништата на нашите детства, постојано обземена од опсесивната запрашаност, како што добро забележувате во вашето писмо, дали ќе има војна, така и мојот татко трагаше по стратегијата на орстанокот на семејството, жртвувајќи го својот сон крај своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога ми се причинува дека го слушам татковиот глас забележувам човек со униформа и пушка како ми се доближува. Во паника се будам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)