слуша (гл.) - ваму (прил.)

- Слушај ваму, Велико, ми вели Неделко Сивески, ако ги пуштат сите војници, ќе останат без војска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ух, ама си глупава! Тоа е изрека! – ми свика. – Слушај ваму – продолжи. – Значи се договоривме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Слушај ваму, Велико, ми вели Дуко Вендија. - Слушам, браче Дуко, велам јас... мислам дека нешто сум згрешила во редењето на лисникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За велосипедот пред тато и мама ниту збор, а јас вечер ќе ти го донесам право дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Слушајте вамо вие, мали - му рекол царот - јас сакам вие да ми напраите еден синџир од песок.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)