слуша (гл.) - ли (чест.)

- Тој, тој... тој! - почна да вика татко му. - ќе заврши на бесилка! - Слушаш ли, на бесилка?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Слушате ли? Слушате ли? А јас не сум таму! Задоцнив!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Слушаш ли како мириса? - рече со восхит Бојан, откако се оптегна врз меката бујна трева, што вистински личеше на зелена јамболија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме слушаш ли, Бојанчо? Слушам, дедо Иване.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Велам: слушаш ли што шепоти морето, бели острови ти се закануваат како оган во сонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Слушаш ли? црвен и испотен шушкаше Кузман и ми се внесуваше в лице. - Слушаш? Тоа што баравме најдовме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брат ми ме погледна и праша: „И, каде би отишле потоа?“ „Кај ќерка ѝ на Паулина.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ме слушаш ли?,“ го прашав со сув и уморен глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ ходниците одекнуваа нејзините лелекања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакам да бидам кај мојата ќеркичка. Ме слушате ли? Сакам дома! Пуштете ме дома!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Те проколнува Јаков - слушаш ли, ѓаволу?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ е смрт, сѐ е смрт, мислел со сеќавање на суштество над чија крв веќе управувала судбината на возрасен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мртви, ги слушате ли моите воздишки и дали вашите соништа биле исти како моите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговите чекори куќата се тресела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не цимоли. Валканите раце не ќе си ги измиеме ни со своја крв. Слушаш ли како се смее?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован Стојче-Столетников праша: „Нели го запаливме?“ Јордан Шоп одговори: „Вие го запаливте, не јас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Извикнува од отворот на подот мртовечкото лице на Павле и со удавеничко поматени очи гледа на Арсо. - Фати ја рачката, слушаш ли, Арсо, пцовисавме!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„А јас една твоја була на рамазанско пладне. Слушаш ли? ... Јадр'м, господи, послушај ми го аберов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Слушате ли, бројки, тој коњ сум јас! И тој кловн сум јас!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ме слушаш ли?“ „Да“. „Слободен ли си во недела попладне?“ „ Да“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не слушаш ли, бе шо зборам? Ти тврдам дека ниту еден број на седмица нема добиено појќе од четиринајсет месеци!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Намигна. „Слушате ли? Не дава!“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му дошепна на Трим Тоска: - Абе слушаш ли, кај тргнал овој биљмез да нѐ праќа, дури кај диносаурусите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
3. Време, Човек Драма, Сатурне: Јас станувам носечки лик, противник Ти почетна сила, нагон кон целината; Јас тапкам одовде-донде Ти кружиш цикличен, прстенест; Јас им се подбивам на повторувањата Ти повторуваш, ретко но редно демонски син-хроничен, цел; Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли, епохи, ех да можам да летнам Ти гледаш од високо пишуваш и леташ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ти крсти, а тоа прди сѐ кај стигне. Не читаат ли весници? Не слушаат ли радио?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
-Ах! Добога, Клеманс! Ме слушаш ли! Крв му ебем! Ќе легнеш ли, да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Спијат и ‘рчат таму доле...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Треба да се исправам... да се приберам како знам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Кха, кха, - кашла Зоки зад нејзиниот грб, преправајќи го гласот, и вели: - Слушаш ли, Мечето кашла! Настинато е!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ќе ти бидам верен слуга доживотно!... Ме слушаш ли... Ох, ох....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
РАЈНА: (На Султана) Не зборувам со тебе. (На Евто) Слушаш? (Пауза) Слушаш ли? Утре рано да го носиш!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)