Којзнае колку пати си ја слушнал песната, а пак мислиш дека за првпат ја слушаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се вратив од јужните краишта а Старицата рече: Кога дојде дојдоа и сите реки што си ги врвел, и сите птици што ти ја слушнале песната.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)