Му ставив студена облога и го запрашав, на француски, за да не разберат стражарите: ’Зошто, жив ти господ, посегна врз Французите, кога ние ништо не сме ви сториле?’ Тој се потсепна и одговори кратко: ’Задача!
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)