Езерото ги свири ко дирки од свое пијано. Негови сме сега. Музиката мами риби.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Толку сме, колку што изгинавме некни, вчера и денес... толку сме, колку сме сега плус тие, кои изгинаа за да не падне ридот, ама паднаа тие...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А колку сме сега, ќерко? Прво ни населија Турци од мала Азија, а сега половина од муслиманските домаќинства се наши луѓе, потурчени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ние сме сега ништо: мувосерка, црвец, нула.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ЕЛЕНА: Постојано го губам. Никаде долго не остануваме. Мешам имиња, места. Каде сме сега, каде е ова?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пред да ги приграбат други, јас ги прибрав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И, ете, јас сега си мислам, на каква ли кривина сме сега, на каква ли кривина се најдовме?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)