сметне (гл.) - од (предл.)

Просто ја сметна од себе, како парче канап, како смок, што му се опсукал по рамениците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа никогаш не можеше да го сметне од мислите, од сеќавањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Што ми зборуваш, Уљо, велам јас, зар се сметна од умот, велам и магла ми се реси пред очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)