Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Дури и во полиција се јавуваше да прашува дали се случила некоја сообраќајка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Свети Никола златен, Богородице мајко, што сега идеш, тргни му го она лошо од главана; дај му дах светен и смири го да не направи будалија. (Станува и се мисли).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Љубов,ооо,љубов, дојди и смири го ов растреперено и збунето срце...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
- И јас тебе, малечка моја будалетинко – ме бакна тој уште еднаш, и додаде: - Оди сега кај тато, пред да си легнеш и смири го малку, многу беше вознемирен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)