Визионерите на Париз и реализаторите на оваа визионерство одат кон тоа од новиот Париз да создаваат градови не само за живеење туку наедно и градови за работа и, така, со ова да се пресече лентата на неверојатно големото движење за луѓе.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)