Ќе ми веруваа ли луѓето ако им речам дека Јаков Иконописец со улавост во очите создава живи икони?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак знаев дека на една икона на килавиот Јаков Иконописец светец со мртво лице забуцува во ребра на многузабо чудовиште дрвен тризабец; зад нив, зад светецот и чудовиштето, умираа на оган голи грешници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не постои ништо што не е збор. Дури ни вечноста, дури ни минливоста.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)