Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бургиба не ги криеше ниту пред меѓународната јавност своите аспирации да заземе високо место во историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, тие луѓе не можеле да се откажат од своите стари верувања, од своето семитско многубоштво, а секој што ќе се откажел од вербата во новиот Бог бил казнуван, по Мојсеева наредба, од неговите блиски приврзаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во еден говор во Женева, во јуни 1973 година, тој ќе рече дека од една прашина од поединци, од магма племиња, потплемиња, сите веднати под тежеста на резигнацијата и фатализмот, создаде народ на граѓани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)