создаде (гл.) - за (предл.)

Сакам да речам, татко ти и не беше создаден за големи радости, а за среќата и да не зборувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ е создадено за тебе, пчело и небето, и куќиштето подзинати како гладни усти конус на копнежот - дом...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не поминаа ни неколку дена, а со Пискулиев стана една сосем непредвидена непријатна случка, што заплашуваше да создаде за него претстава токму на онаков човек, каков што дедо Иван нејќеше да има во својата куќа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Името на страста – КВИЗ! Како уредник на редакција за наградни игри при МТВ, Врапче си најде место како создадено за себе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постојано ми пишуваше писма дека ќе ме чува како кралица и дека ќе создаде за мене богатство со тие негови десет прсти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)