И плашејќи се да не Исо се исплаши кога ќе го види Лазора толку голем и да го с`ска Иса против него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Горните и долните клепки му се составија и ја собраа кожата на крај очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тоа ли е метафизика:
од другата страна на зборовите
кл-ечат значења непроникливи
имаат моќ светот да го состават
и да го поделат
а не можат
човека да го сменат?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)