Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овие, гавазиве, кога ќе дојдеа во Потковицата, одоколу, ги фалеа сите христијани од Потковицата, а најмногу него, Максима Акиноски, дека се вистински мажи, христијани, штом решиле со свои пари и без ничија друга помош да си соѕидаат општина и училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во 1870-та, кога беше востановена егзархијата, стигна и султаново одобрение дека смеат потковичаните да си соѕидаат општина и училиште, а не и црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но вечерва, кога се врати од кај Јанчевци, му изложи што се здоговориле, да соѕидаат општина и училиште, и се обиде да го наговори да се согласи него да го постават за учител.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)